Редовен програмски надзор врз операторите Мултимедија Нетворк Л и Скупи Кабле

image_pdfimage_print

Скопје – 06.05.2022г. – За обврската на операторите на ЈЕКМ во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат, извршен е редовен програмски надзор врз операторите Мултимедија Нетворк Л од Гостивар и Скупи Кабле од Скопје.

Надзорот покажа дека операторот Скупи Кабле кој според нотификацијата од Агенцијата може да врши дејност на општина Арачиново и Скопје, на 5 мај 2022 година за своите корисници го реемитувал програмскиот сервис „IN TV “ кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Мултимедија Нетворк Л – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 05.05.2022

Мултимедија Нетворк Л – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 05.05.2022

Скупи Кабле – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 05.05.2022

Скупи Кабле – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 05.05.2022



Accessibility

Accessibility