СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

image_pdfimage_print

Скопје, 10 мај 2022  – Во текот на вчерашниот ден од страна на неколку медиуми беше објавена погрешна информација дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе покрие 50 проценти од надоместокот на регионалните и локални телевизии за 2022 година.

Агенцијата, кон крајот на минатата година, согласно своите финансиски можности одлучи да го намали надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување за 2022 година, за 50%. По обраќањето на Здружението на регионални и локални ТВ станици – Медиум Објектив, Агенцијата повторно дискутираше за тешката финансиска состојба на регионалните и локалните радиодифузери и даде поддршка на нивното барање Владата да обезбеди дополнителна финансиска помош за покривање на трошоците за надоместокот за дозвола за емитување за 2022 година во висина од 50%, доколку е во можност.

Со цел правилно информирање на јавноста, но и за да не се доведат во заблуда радиодифузерите, ве молиме да ја објавите корекцијата.



Accessibility

Accessibility