Контролен програмски надзор врз ТВ Сител

image_pdfimage_print

Скопје, 13 мај 2022г. –  Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Сител за да утврди дали радиодифузерот постапил по Решението за преземање меркa јавна опомена, упатена заради непочитување на обврската забрана за прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации.

Надзорот покажа дека ТВ Сител нема постапено по мерката јавна опомена, односно на програмата на 26 април 2022 година, во информативно-забавната емисија „Ја сакам Македонија“, емитуваше прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација на садови за готвење што ги продава компанијата „Комодита хоум“.

Извештајот од спроведениот надзор е достапен на следниот линк:

ТВ Сител – (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 13.05.2022



Accessibility

Accessibility