Скопје, 17 мај 2020г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност изврши вонреден програмски надзор врз работата на ТВ Канал 5 со цел да констатира дали е отстранета повредата на член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ.
Со вонредниот надзор е констатирано дека ТВ Канал 5 на емитуваната програма на 21 и 26 април 2022 година, во изданијата на забавно-документарната емисија „Манџа“, и на информативната тематски специјализирана емисија за здравство „По дома со…“ пласираните производи, директно вклучени во дејствијата/сценаријата на емиисите, посебно промотивно се пропорачуваат преку визуелно и вербално прекумерно истакнување, а во изданијата на говорното-шоу „Вип сезона“, емитувани на 26 април 2022 година, пласираниот производ претерано визуелно се истакнува.
Извештајот е достапен на следниот линк:
ТВ Канал 5 – (член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ) – 16.05.2022