Изречена мерка јавна опомена на ТВ Канал 5

image_pdfimage_print

Скопје, 07 јуни 2022г – Советот на Агенцијата на 22-та седница одржана на 06 јуни 2022 годинa врз основа на констатации од вонреден програмски надзор по службена должност донесе решение за преземање мерка јавна опомена за ТВ Канал 5 од Скопје поради повреда од член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ односно на 21-ви и на 26-ти април 2022г.,во изданијата на забавно – документираната емисија „Манџа“ и на информативната, тематски специјализирана емисија за здраство – „По дома со…“, пласираните производи, директно вклучени во дејствијата/сценаријата на емисиите, посебно промотивно се препорачуваат преку визуелно и вербално прекумерно истакнување, а во изданијата на говорното – шоу „Вип сезона“, емитувани на 26-ти април 2022 г., пласираниот производ претерано визуелно се истакнува.

Мерката јавна опомена е достапна на линкот:

ТВ Канал 5 – (член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ) – 06.06.2022



Accessibility

Accessibility