Контролен програмски надзор врз операторот Антена АС КТВ

image_pdfimage_print

Скопје, 8 јуни 2022 – Врз операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Антена АС КТВ од Кичево, Агенцијата изврши контролен програмски надзор за да утврди дали е постапено по претходно изречената мерка јавна опомена, упатена заради реемитување на програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата.

Со надзорот беше констатирано дека овој оператор во својот програмски пакет го реемитува програмскиот сервис RTCG Sat, којшто не е регистриран во Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.

Извештајот од контролниот програмски надзор е достапен на следниот линк:

 Антена АС КТВ – (член 141 од ЗААВМУ) – 08.06.2022



Accessibility

Accessibility