Редовен програмски надзор врз операторот А1 Македонија

image_pdfimage_print

Скопје, 08 јуни 2022 – За обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат операторите, извршен е редовен програмски надзор врз операторот А1 Македонија.

Надзорот покажа дека операторот А1 Македонија кој според нотификацијата од Агенцијата може да врши дејност на територијата на Република Северна Македонија, за своите корисници ги реемитувал програмските сервиси “Timeless”, “Top Channel”, “News 24”, “Report TV”, EXP History”, Eurofilm”, “SCAN”, “SS1”, “IN TV”, “Film Drame”, “EXP Shence”, “Junior”, “Gold”, “My Music”, “Top News”, “Max”, “Cufo”, “Film Action”, “Film Thriler”, “T HD”, “Star Plus”, “X1”, “Stinet”, “Film Comedy”, “Folm Autor”, “EXP Natura”, “ABC News” и “Bang Bang” кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.

Извештајот е достапен на следниот линк:

А1 Македонија – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 08.06.2022



Accessibility

Accessibility