ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВА НА ПОКАНИ – ТВ ГУРРА

image_pdfimage_print

Скопје, 16 јуни 2022г. –  Врз основа на член 56 став 1 и став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19), а во врска со член 6 став 1 алинеја 4 и член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20 и 77/21),  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врши:

 ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВА НА ПОКАНИ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) му соопштува на физичкото лице Салиф Ризај од Кичево, со адреса на живеење во с.Трапчин Дол, Кичево како одговорно лице на програмата во правното лице, Трговско радиодифузно друштво ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, дека има подготвено Покани наш арх.бр.03-2145/3 од 27.05.2022 година и наш арх.бр.03-2146/3 од 27.05.2022 година за спроведување постапки за порамнување, за кои во два наврати (на ден 27.05.2022 година и на ден 07.06.2022 година), Агенцијата не успеа да му изврши уредна достава (писмената во два наврати се вратија од А.Д. Пошта на Северна Македонија со назнака „иселен“).

– Се повикува физичкото лице Салиф Ризај од Кичево и адреса на живеење во с.Трапчин Дол, Кичево, во својство на странка (одговорно лице на програмата во правното лице) во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето, да се јави во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со седиште на ул. „Македонија“ бр.38, Палата Панко Брашнаров 1000 Скопје, за прием на горенаведените покани заради спроведување постапки за порамнување, секој работен ден од 8:00 часот до 16:00 часот.

– Оваа достава на покани со јавна објава на веб страницата на Агенцијата, ќе се смета за уредно доставување на писменото, согласно член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19).

Јавната објава за достава на покани е достапна на следниот линк



Accessibility

Accessibility