Хроника од 26-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 08.07.2022 – Советот на Агенцијата согласно претходно донесената Одлука со која ја одзеде дозволата за радио емитување, на денешната седница донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД РАДИО ЛАВ ДООЕЛ Охрид.

Врз основа на констатации од извршен вонреден програмски надзор, Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена на операторот АЛТРА –САТ 2000 Охрид за прекршување на член 143 став 2 од ЗААВМУ и да достави Информација до Министерството за внатрешни работи за постоење сомневање за сторена повреда на авторските права и сродните права од страна на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа.

Советот на Агенцијата го одложи Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење на стручен надзор и начинот на нејзиното издавање и одземање, поради технички причини.

Се донесе и Одлука за одобрување на финансиски средства за обновување на четири кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка на канцелариски материјал и пијалаци за потребите на АВМУ, и дополнително одобри директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на стока – фрижидер со вредност под праговите за примена на Законот за јавни набавки.



Accessibility

Accessibility