Скопје, 20 јули 2022г. –Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Сител и ТВ Канал 5 за да утврди дали радиодифузерите постапиле по Решенијата за преземање меркa јавна опомена.
При надзорот е констатирано дека ТВ Сител и ТВ Канал 5 и покрај мерката јавна опомена, на 21 и 26 април 2022 година емитувале телешопинг спотови за производи од операторот со храна „Натура терапи“, во кои лажно се претставуваат природата и карактеристиките на производите, односно аудиовизуелните комерцијални комуникации се невистинити и нечесни, со што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Сител – (член 53 ставови 5 и 17 од ЗААВМУ) – 20.07.2022
ТВ Канал 5 – (член 53 ставови 5 и 17 од ЗААВМУ) – 20.07.2022