Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

image_pdfimage_print

Скопје, 20 јули 2022 – На 27-та седница одржана на 19 јули, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка.

Документот ги пропишува роковите потребни за усогласување со мерките јавна опомена изречени од страна на Агенцијата кон издавачите на печатени медиуми, радиодифузери и ОЈЕКМ, пред да се изврши контролен надзор. Измената и дополнувањето на Упатството се однесува на скратување на роковите, со цел поголема ефикасност и ефективност во спроведувањето на ЗААВМУ и обезбедување баланс помеѓу интересите на јавноста и субјектите што се предмет на надзор.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа е во траење од 75 дена, заклучно со 3 октомври 2022 година.



Accessibility

Accessibility