Скопје, 20 јули 2022г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 8 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Ера, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар, ТВ Шутел и ТВ Тера.
Надзорот покажа дека ТВ Ера, ТВ М, ТВ Стар и ТВ Шутел не обезбедиле превод на емитувани содржини на јазиците на кои што емитуваат програма согласно дозволата, додека ТВ Ера, ТВ Стар и ТВ Шутел не ја исполниле обврската за емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудио или аудиовизуелни дела.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Ера – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ Ера – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ М – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ МТМ – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ Стар – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ Стар – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ Шутел – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ Шутел – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 19.07.2022
ТВ Тера – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.07.2022