Редовен административен надзор врз сите 108 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

image_pdfimage_print

Скопје, 25 јули 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 108 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.

Предмет на надзор беше обврската на радиодифузерите по втор пат годинава, односно до 30 јуни, на сопствената програма во ударните термини да ги објават податоците за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година, и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Надзорот покажа дека оваa законска обврска не ја исполниле само Радио Плус Форте од Тетово, ТВ Ирис од Штип и ТВ Шутел од Скопје.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 25.07.2022

РА Плус Форте – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 25.07.2022

ТВ Ирис – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 25.07.2022

ТВ Шутел – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 25.07.2022



Accessibility

Accessibility