Скопје, 26 јули 2022г. – За законските обврски коишто се однесуваат на објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврските за идентификација на радиодифузер, редовен административен надзор е извршен врз пет регионални телевизии ТВ Ера, ТВ М, ТВ МТМ, ТВ Стар, ТВ Шутел и ТВ Тера.
Со надзорот констатирано е дека ТВ Шутел на програмскиот сервис емитуван на 4 јули 2022 година, во дел од емитуваните програми не ги објави податоците за импресум што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја посебна содржина од програмскиот сервис.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Ера – (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2022
ТВ М – (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2022
ТВ МТМ – (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2022
ТВ Стар – (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2022
ТВ Шутел – (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2022
ТВ Тера – (член 14 Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2022