Редовен и контролен програмски надзор врз пет оператори

image_pdfimage_print

Скопје, 27 јули 2022 – Врз операторите Пет Нет од Гевгелија, Траншпед Трејд од Скопје, Инел Интернационал од Кавадарци и Глобал Сат од Скопје извршен е редовен програмски надзор за правилата за титлување, регистрација на програмските сервиси во Агенцијата и обврската на операторите на ЈЕКМ во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис. При надзорите не беа констатирани прекршувања.

За да се утврди дали постапил по мерката јавна опомена, врз операторот Тотал ТВ од Скопје, извршен е контролен програмски надзор за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитува задолжително и бесплатно да ги обезбеди програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис. Надзорот покажа дека операторот Тотал ТВ повторно не врши реемитување на програмските сервиси „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“, и „МРТ 5“.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

Пет НЕТ – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 27.07.2022

Пет НЕТ – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 27.07.2022

Траншпед Трејд – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 27.07.2022

Траншпед Трејд – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 27.07.2022

Инел Интернационал – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 27.07.2022

Глобал Сат – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 27.07.2022

Тотал ТВ – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 27.07.2022



Accessibility

Accessibility