Изречени јавни опомени за два оператори на ЈЕКМ и 4 телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 12.08.2022 – Советот на Агенцијата на денешната 31-ва седница донесе седум решенија за изрекување мерка јавна опомена.

За операторите Вива Нет и МТЕЛ, решение за опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмскиот сервис е изречено поради реемитување на програмски сервис коj не е опфатен со потврдата за регистрација на програмските сервиси издадени од АВМУ.

Јавна опомена за Плус Форте Тетово е изречена заради необјавување на податоци за сопственичка структура, одговорни уредници и извор на финасирање; на ТВ ЕРА Скопје и ТВ М Охрид заради необезбедување превод на јазикот на кој медиумот емитува програма согласно дозволата; на ТВ-Стар Штип, заради емитување на поп-ап/реклами меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути, и на ТВ ЕРА, заради неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот миниум изворно создадена програма.

Мерките јавна опомена се достапни на следните линкови:

Вива Нет (член 141 од ЗААВМУ) – 12.08.2022

МТЕЛ (член 141 од ЗААВМУ) – 12.08.2022

Плус Форте (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 12.08.2022

ТВ ЕРА (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 12.08.2022

ТВ М (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 12.08.2022

ТВ ЕРА (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.08.2022

ТВ-Стар (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 12.08.2022



Accessibility

Accessibility