Скопје, 15 август 2022г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Клан Мацедониа, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења и ТВ Сонце.
Надзорот покажа дека ТВ Сонце на 3 август 2022 година, во дел од емисијата „Волшебна Македонија“, дел од двете нејзини репризни изданија, како и трите најави за емисијата „Македонски туризам“ се емитувани изворно на англиски јазик, без да биде обезбеден превод на македонски јазик.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Клан Мацедониа – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 15.08.2022
ТВ Компани 21-М – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 15.08.2022
ТВ Шења – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 15.08.2022
ТВ Сонце – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 15.08.2022