Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ К&М КИСС&МЕНАДА

image_pdfimage_print

Скопје, 24 август 2022 – При мониторонгот над изборното медиумско претставување за Локалните избори 2022 година, Агенцијата констатираше дека регионалната ТВ К&М КИСС&МЕНАДА од Тетово го прекрши членот 75-ѓ став 1 од Изборниот законик.

Програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ТВ К&М КИСС&МЕНАДА ДООЕЛ Тетово, на 12, 16, 17 и 18 август 2022 година, во повеќе реални часови емитувана програма одвои повеќе од 4 минути за платено политичко рекламирање за кандидатите за Советот на Општина Тетово од една од двете најголеми партии од позицијата (Коалиција НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА предводена од СДСМ), повеќе од 4 минути за платено политичко рекламирање за кандидатите за Советот на Општина Тетово од една од двете најголеми партии од опозицијата (ВМРО – ДПМНЕ) и повеќе од 1 минута за платено политичко рекламирање за политичка партија во Собранието на Република Македонија која на последните избори за пратеници не освои доволно пратеници да формира пратеничка група (Политичка партија  – ЛЕВИЦА).

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ К&М КИСС&МЕНАДА е достапен на линкот.



Accessibility

Accessibility