1

Усвоен Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за Локалните избори 2022 за избор на членови на Советот на Општина Тетово

Скопје, 06 септември 2022 година – На денешната 34 седница, Советот на Агенцијата го усвои  Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за Локалните избори 2022 за избор на членови на Советот на Општина Тетово.Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платено политичко рекламирање (ППР) на четири телевизии ( ТВ 21-М, ТВ Коха, ТВ Кисс&Менада и ТВ Полог), коишто се регистрираа во Регистарот на ДИК за емитување ППР и склучија договори со учесниците во изборната кампања.

Агенцијата вршеше мониторинг на емитуваната програма на дневно ниво, при што во текот на кампањата беше констатирано само едно  прекршување на дозволените лимити за платено политичко рекламирање.