Изречени мерки јавна опомена за ТВ 21 и ТВ Шења

image_pdfimage_print

Скопје, 19 септември 2022 година – Советот на Агенцијата на 35-та седница, одржана на 16 септември 2022 година, изрече четири мерки јавна опомена, од кои три на ТВ 21 и една на ТВ Шења. Мерките на ТВ 21 и беа изречени заради неисполнување на обврската за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, заради емитување прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација и заради не објавување на податоците за импресумот што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја посебна содржина од програмскиот сервис. Mерката јавна опомена на ТВ Шења е изречена заради емитување поп-ап/реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТВ  21-М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 19.09.2022

ТВ  21-М – (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 19.09.2022

ТВ 21- М – (член 14 од Законот за медиуми) – 19.09.2022

ТВ Шења – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 19.09.2022



Accessibility

Accessibility