Изречени мерки јавна опомена за ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ 21-М и ТВ Сител

image_pdfimage_print

Скопје, 4 ноември 2022 – Советот на Агенцијата на 41-та седница одржана на 3 ноември 2022 година донесе шест решенија за изрекување мерка јавна опомена за ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ 21-М и ТВ Сител.

На ТВ Алсат-М се изречени три мерки јавна опомена и тоа за емитувани промотивни најави за играна програма без сигнализација за заштита на малолетните лица, неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела нити пак најмалку половина од законскиот минимум во период од 07,00 до 19,00 часот и емитување на поп-ап/реклами на поделен екран што покриваат суштински делови од драмското дејствие и преведувачкиот титл, како и предупредувачкиот знак за категоријата програма и логото на телевизијата.

На ТВ Сител мерка јавна опомена и е изречена за емитување на предупредувачка сигнализација само на почеток, но не и за време на емитување на играни програми, на ТВ 21-М за промотивно препорачување и придадена претерана важност на производи, а на ТВ Алфа за промотивни најави за игран серијал емитувани без да бидат означени со визуелен знак за сигнализација на категоријата програма што се најавува.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТВ Алсат – М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2022

ТВ Алсат-М – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2022

ТВ Алсат – М – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 04.11.2022

ТВ Алфа – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2022

ТВ 21-М – (член 55 ставови 6 и 7 од ЗААВМУ) – 04.11.2022

ТВ Сител – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 4.11.2022



Accessibility

Accessibility