Контролен програмски надзор врз МРТ 4 и Скај Радио

Скопје, 26 декември 2023 – Агенцијата спроведе контролен програмски надзор врз Македонска радиотелевизија МРТ 4 и Скај радио, за да утврди дали радиодифузерите постапиле по Решениjата за преземање меркa јавна опомена, упатени заради неемитување најмалку 40% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела на МРТ 4 и за неемитување на доброволно пријавениот процент музика на македонски јазик на Скај радио.

Со надзорот беше констатирано дека радиодифузерите во целост постапиле согласно законските одредби.

Извештаите од надзорите се достапени на линковите:

МРТ 4 – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 25.12.2023

РА Скај – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 25.12.2023



Accessibility

Accessibility