Изречена мерка јавна опомена на Радио Метрополис

Скопје, 30 јануари  2024 – Советот на Агенцијата на 4-та седница одржана на 25 јануари 2024 година донесе  решение за изрекување мерка јавна опомена за Радио Метрополис.

Јавната опомена е изречена заради прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ, односно поради тоа што на 9, 10, 11, 12 и 13 јануари 2024 година, во емисијата „Радио аукција“, најавите на водителот се емитувани изворно на хрватски јазик, без да се обезбеди превод на македонски јазик.

Мерката јавна опомена е достапна на линкот:

 РА Метрополис – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 26.01.2024



Accessibility

Accessibility