Завршени расправи во 2020 година

image_pdfimage_print

Завршена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2021 година 

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 13 ноември 2020 година отвори јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги),  Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2021 годинa, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2021 година.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk  или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

Јавната расправа траеше до 13 декември 2020 година.



Accessibility

Accessibility