Изречени мерки јавна опомена за ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Телма и ТВ Нова

Скопје, 11 декември 2019 – Советот на Агенцијата на 45-та седница одржана на 6 декември, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, донесе  8 Решенија за изрекување на мерки јавна опомена.

На ТВ Канал 5, ТВ Алфа, ТВ Телма мерка јавна опомена е изречена поради емитување реклами на поделен екран меѓу кои не минува законски пропишаниот период од најмалку 15 минути. Дополнително на ТВ Алфа јавна опомена е изречена и за не означување на програмата со сигнализација за заштита на малолетните лица, додека на ТВ Телма поради не објавување на податоци за импресум.

На ТВ Алсат-М мерка јавна опомена е изречена поради емитување на промотивни најави за играни филмови без превод на албански или македонски јазик, на кои според ТВ дозволата треба да се емитува програмата, додека на ТВ Нова од Гевгелија за емитувана програма на англиски јазик без превод на македонски јазик и не емитување најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Изречените мерки јавна опомена може да се преземат на следните линкови:

 ТВ Алсат-М – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Алфа – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Алфа – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Канал 5 – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Нова – (член 64 став 3 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Нова – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) -10.12.219

ТВ Телма – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 10.12.2019

ТВ Телма – (член 14 од Законот за медиуми) – 10.12.2019




АВМУ ќе донира милион денари помош за Албанија

Скопје, 06.12.2019 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска донесе одлука за доделување финансиска помош во висина од еден милион денари – донација за санирање на последиците од земјотресот што на 26.11.2019 година го погоди градот Драч, Република Албанија.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Македонија – Фонд за солидарност.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до албанскиот народ.




Редовен програмски надзор врз операторот ВИНСАТ КАБЕЛ

Скопје, 03.12.2019г. – Врз операторот ВИНСАТ КАБЕЛ од Виница, извршен е редовен програмски надзор за обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите кои ги реемитуваат операторите. При надзорот не се констатирани прекршувања.

Извештајот од надзорот може да се преземе на линкот:

 ВИНСАТ КАБЕЛ  – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 03.12.2019




Контролен програмски надзор врз Радио Канал 77

Скопје, 03.12.2019г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз Радио Канал 77 од Штип за да утврди дали постапил по решението за преземање меркa јавна опомена претходно упатена од Агенцијата.

Надзорот покажа дека Радио Канал 77 на 7 ноември 2019 година, не емитуваше 25% музика на македонски јазик, во периодот од 6 до 00 часот, од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Радио Канал 77 – (прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика) – 03.12.2019




Мерка јавна опомена за ТВ АЛСАТ-М

Скопје, 29.11.2019г. – Советот на Агенцијата на 44-та седница одржана на 28 ноември 2019 година, за прекршување на законската одредба емитување на програма од четврта категорија (16+)  во несоодветен временски период од деноноќието на ТВ АЛСАТ-М му изрече мерка јавна опомена.

Изречената мерка јавна опомена може да се преземе на следниот линк:

ТВ АЛСАТ-М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 29.11.2019




Мерка јавна опомена за кабелскиот оператор Скрембл

Скопје, 02.12.2019г. – На 44-та седница одржана на 28 ноември 2019 година, Советот на Агенцијата донесе Решеније за изрекување мерка јавна опомена за Скрембл ДООЕЛ Ново Село.  Јавната опомена му е изречена  поради реемитување на нерегистрирани програмски пакети.

Изречената мерка јавна опомена може да се преземе на следниот линк:

Скрембл – (член 141 од ЗААВМУ) – 29.11.2019




Контролен програмски надзор врз ТВ Канал 21 од Велес и ТВ Стар

Скопје, 29.11.2019г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Канал 21 од Велес и ТВ Стар од Штип, за да утврди дали постапиле по решенијата за преземање меркa јавна опомена, претходно упатени од Агенцијата.

Со надзорот е констатирано дека радиодифузерите постапиле согласно законските одредби.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ Канал 21 – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 29.11.2019

ТВ Стар – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 29.11.2019




Редовен програмски надзор врз операторите ОВЕР ТХЕ ТОП и ТОТАЛ ТВ

Скопје, 29.11.2019г. – Врз операторите ОВЕР ТХЕ ТОП и ТОТАЛ ТВ извршен е редовен програмски надзор за обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите кои ги реемитуваат операторите. При надзорот не се констатирани прекршувања.

Извештаите од надзорите може да се преземат на линковите:

ОВЕР ТХЕ ТОП – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 28.11.2019

ТОТАЛ ТВ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 28.11.2019




Спроведен редовен програмски надзор врз Македонски Телеком

Скопје, 27.11.2019 – Агенцијата спроведе редовен програмски надзор врз давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање Македонски Телеком за почитување на обврските за кинематографски дела, заштита на малолетни лица и промоција на производство и пристап до европски дела кои произлегуваат од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

При извршениот програмски надзор не се констатирани прекршувања.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Македонски Tелеком АД Скопје – (член 49, член 50, член 60 од ЗААВМУ) – 27.11.2019




Програмски и административен надзор врз ТВ Шења, ТВ Компани 21-М, ТВ Сонце и ТВ Клан Македонија

Скопје, 22.11.2019 –  За обврските за објава на импресум, информации кои треба да се направат достапни до корисниците, идентификација на радиодифузер, редовен административен надзор е извршен врз ТВ Шења, ТВ Компани 21-М, ТВ Сонце и ТВ Клан Македонија. При надзорот не се констатирани прекршувања.

Врз истите радиодифузери, извршен е и редовен програмски надзор за почитување на правилата за заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, употреба на јазикот во програмата, обврски за емитување 12 часа програма и за исполнување на квотата за изворно создадена програма.

Кај ТВ Клан Македонија утврдено е непочитување на правилата за употреба на јазикот во програмата, означување на пласирање производи, условите за рекламирање и телешопинг. Прекршување на условите за рекламирање е констатирано и кај ТВ Компани 21-М.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ Шења (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Шења (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Шења (член 50 став 3, член 53,54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93, член 94 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Компани 21-М (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Компани 21-М (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Компани 21-М (член 50 став 3, член 53,54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93, член 94 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Сонце (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Сонце (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Сонце (член 50 став 3, член 53,54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93, член 94 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Клан Македонија (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Клан Македонија (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019

ТВ Клан Македонија (член 50 став 3, член 53,54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93, член 94 од ЗААВМУ) – 22.11.2019