Вонреден програмски надзор врз операторот Вива Нет од Берово
Скопје, 25.10.2019 – За почитувањето на обврската за регистрација на програмските сервиси кои се реемитуваат на операторите, вонреден програмски надзор е извршен врз операторот Вива Нет од Берово.
При надзорот е констатирано дека на територијата на општините Берово и Пехчево, Вива Нет во својот програмски пакет го реемитува програмскиот сервис Viasat History, којшто не е регистриран во Агенцијата.
Извештајот е достапен на линкот: