Скопје, 22.11.2019 – За обврските за објава на импресум, информации кои треба да се направат достапни до корисниците, идентификација на радиодифузер, редовен административен надзор е извршен врз ТВ Шења, ТВ Компани 21-М, ТВ Сонце и ТВ Клан Македонија. При надзорот не се констатирани прекршувања.
Врз истите радиодифузери, извршен е и редовен програмски надзор за почитување на правилата за заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, употреба на јазикот во програмата, обврски за емитување 12 часа програма и за исполнување на квотата за изворно создадена програма.
Кај ТВ Клан Македонија утврдено е непочитување на правилата за употреба на јазикот во програмата, означување на пласирање производи, условите за рекламирање и телешопинг. Прекршување на условите за рекламирање е констатирано и кај ТВ Компани 21-М.
Извештаите се достапни на линковите:
ТВ Шења (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Шења (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Компани 21-М (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Компани 21-М (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Сонце (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Сонце (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Клан Македонија (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 22.11.2019
ТВ Клан Македонија (член 64, член 90, член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.11.2019