Вонреден административен надзор врз ТВ Кисс
Скопје, 19 декември 2019г. – Агенцијата по службена должност, изврши вонреден административен надзор врз ТВ Кисс од Тетово, за да констатира дали емитува телевизиска програма.
Надзорот извршен во период од 14 ноември до 19 декември 2019 година, покажа дека имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
ТВ Кисс – (член 82 став 1 алинеа 2 од ЗААВМУ) – 19.12.2019