Скопје, 14 април 2020г. – По изречена мерка јавна опомена за различни законски прекршувања, врз МРТ 1, ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Телма е извршен контролен програмски надзор.
Предмет на надзорот врз ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Телма беше почитувањето на обврските за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации. Дополнително за ТВ Телма, како и за МТВ 1 контролен надзор е извршен за правилата за заштита на малолетната публика.
Надзорот покажа дека радиодифузерите во целост постапиле по решенијата за изрекување мерка – јавна опомена.
Извештаите се достапни на линковите:
ТВ Алфа (член 98 од ЗААВМУ) – 13.04.2020
ТВ Канал 5 (член 98 од ЗААВМУ) – 13.04.2020
МТВ 1 (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 13.04.2020