Да запрат навредите врз новинарите

image_pdfimage_print

Скопје, 7 мај 2020г. – Во врска со навредите упатени кон новинарот на Телевизија 24 Мишко Иванов, на социјалната мрежа Facebook по завршувањето на двете интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира да не се навредуваат новинарите и повторно повикува да се почитува достоинството на новинарската професија и личното достоинство на медиумските професионалци.

 

Воедно, Агенцијата потсетува дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на изразување и слободата на информирање.



Accessibility

Accessibility