Усвоена нова измена на Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за Изборите во 2020 година

image_pdfimage_print

Скопје, 24 јуни 2020 година – Согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, донесена на 22 јуни 2020 година од Владата на РСМ, Советот на Агенцијата на денешната 25-та седница усвои измена на Упатството за лимитите за платено полититичко рекламирање за Изборите во 2020 година.

Измената е направена поради промена на членот 7 од Уредбата во делот што се однесува на распределбата на времето за емитување платено политичко рекламирање на реален час емитувана програма меѓу учесниците во овој изборен процес.

Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година е достапно на линкот.



Accessibility

Accessibility