Скопје, 5 јули 2020г. – Во рамки на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС), имплементиран од страна на Советот на Европа, на македонски јазик е преведена Препораката CM/Rec (2007)15 од Комитетот на министри до земјите членки за мерките за медиумско покривање изборни кампањи.
Целта на препораката е обезбедување правично, избалансирано и непристрасно известување за изборни кампањи, без дискриминирање или поддржување на некоја конкретна политичка кампања или кандидат. Принципите од оваа препорака се применуваат на сите видови политички избори кои се организираат во земјите членки, вклучително претседателски, парламентарни, a онаму каде што е применливо, локални избори и референдуми.
Препорака од Комитетот на министри до земјите членки за мерките за медиумско покривање изборни кампањи e достапна на следниот линк.