Контролен административен надзор врз издавачот Капитал Медиа Груп

image_pdfimage_print

Скопје, 3 септември 2020 година – Врз Трговското друштво за новинска издавачка дејност, трговија, производство и услуги Капитал Медиа Груп ДОО увоз извоз Скопје, издавач на магазинот „Капитал“, извршен е контролен административен надзор за да се утврди дали е постапено по мерка јавна опомена, изречена заради необјавување во дневен весник податоци за сопственичка структура и недоставување на исечок од објавата во Агенцијата.

Издавачот на магазинот Капитал, на 2 септември до архивата на Агенцијата достави исечок од објавата на потребните податоци во дневен весник, со што во целост ја исполни обврската од Законот за медиуми.

Извештајот од извршениот надзор е достапен на линкот:

Капитал Медиа Груп (член 15 став 2 од Законот за медиуми) – 03.09.2020



Accessibility

Accessibility