Скопје, 3 септември 2020 година – За законските обврски коишто се однесуваат на објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни на корисниците и за објава на идентификација на радиодифузерот, редовен административен надзор е извршен врз телевизиите коишто емитуваат програма на регионално ниво Телевизија 3, ТВ Ирис, ТВ Канал Вис, ТВ Кисс&Менада, ТВ Полог и ТВ Шутел.
При надзорот е утврдено дека ТВ Ирис, ТВ Канал Вис и ТВ Шутел на емитуваната програма 10 август не им овозможија на своите корисници, лесен, директен и постојан пристап до податоците за адреса на седиште, контакт и одговорно лице на давателот на аудиовизуелната медиумска услуга и податок за надлежното регулаторно тело.
Кај ТВ Полог и ТВ Ирис е утврдено дека во дел од програмата не се објавени податоците за импресум со кои се идентификуваат авторите што учествувале во подготовката на аудиовизуелните содржини.
Извештаите од извршените надзори се достапни на следните линкови:
ТВ Ирис – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 03.09.2020
ТВ Ирис – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 03.09.2020
ТВ Канал Вис – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 03.09.2020
ТВ Шутел – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 03.09.2020
ТВ Полог – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 03.09.2020
Телевизија 3 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 03.09.2020
ТВ Кисс&Менада – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 03.09.2020