Скопје, 26 ноември 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе редовен програмски и административен надзор врз ТВ Здравкин, за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни на корисниците, објава на идентификација на радиодифузерот, почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество.
При надзорот на 3 ноември е утврдено дека во изданијата на забавно-информативните емисии „Вип на еден ден“ и „55 минути“ се емитувани (поп-ап) реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.
Извештаите од надзорот се достапни на линковите:
ТВ Здравкин (прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 25.11.2020
ТВ Здравкин (член 14 од Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 25.11.2020