1

Контролни програмски надзори врз ТВ Дуе

Скопје, 13 мај 2022г. – Со цел да се утврди дали е постапено по мерката јавна опомена упатена за различни законски несогласувањa, Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Дуе од Гостивар.

При надзорот беше констатирано дека радиодифузерот  не постапил по решенијата за преземање мерка јавна опомена, односно на програмата на 20 април 2022г не емитуваше минимум 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум во период од 7:00 до 19:00 часот.

Извештаите се достапни на следните линкови:

 ТВ Дуе (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 10.05.2022

ТВ Дуе– (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 10.05.2022