Редовен програмски надзор врз 5 национални телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 25 мај 2023 – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество е извршен врз телевизиите ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Телма и ТВ Сител.

Со надзорот е констатирано дека на ТВ Телма на програмата емитуванa на 8 мај, двете изданија на забавно-документарната емисија „Авантурите на Марк“ не беа обележани со сигнализација за програма што содржи пласирање производи, и посебно промотивно ги препорачуваа угостителските услуги од ресторанот „Старо/Златно буре“ и производите од фирмата „Saša truffles“, додека пак изданието на образовно-забавната емисија „Garden club Градини“, беше несоодветно означено со пропишаната сигнализација за програма што содржи пласирање производи и посебно промотивно ги препорачуваше производите од фирмата Nakayama.

На програмата на ТВ Алсат-М на 8 мај во специјализираната емисија за здравство „Огледало на здравјето“, емитувани се прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации за болницата „Свети вид“.

Извештаите се достапни на следните линкови:

 ТВ Алфа – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.05.2023

ТВ Алсат-М – (прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 23.05.2023

ТВ Канал 5 – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.05.2023

ТВ Телма – (прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ) – 23.05.2023

ТВ Сител – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.05.2023



Accessibility

Accessibility