Скопје, 25 мај 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни надзори врз ТВ Компани 21-М, ТВ Клан Мацедониа и Наша ТВ за да утврди дали радиодифузерите постапиле по претходно изречените мерки јавна опомена од страна на Агенцијата.
Со надзорот е констатирано дека радиодифузерите постапиле согласно законските одредби од ЗААВМУ и Законот за медиуми.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Компани 21-М (член 14 од Законот за медиуми) – 23.05.2023
ТВ Клан Мацедониа (член 55 став 1 од ЗААВМУ) – 23.05.2023
ТВ Наша (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 23.05.2023