Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2021 година

Скопје, 6 јануари 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса на секои шест месеци да ги објавува трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски, ја известува јавноста за следново:[…]

Радијата можат доброволно да пријавуваат емитување домашна музика заклучно со 5 јануари 2022 година

Скопје, 10 декември 2021 – Во врска со законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, радијата кои ќе се одлучат да емитуваaт домашна музика во 2022 година, со цел намалување на надоместокот на дозвола, истото треба да го пријават во Агенцијата најдоцна до 5-ти јануари 2022 година.[…]

Одржана онлајн дебата за медиумска писменост на АВМУ и Ресис  

Скопје, 30 ноември 2021 – Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2021, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Институтот Ресис вчера одржаа онлајн дебата на тема „Анализа на родовите аспекти во ТВ програмите за деца: Градиме ли критичка свесност кај децата?”. Дискусијата опфати повеќе сегменти, од тоа какво е психолошкото влијание на програмите за деца врз нивниот раст и развој, до начинот на кој треба да се креираат политиките и програмите на медиумите наменети за децата.[…]

Информација за одложување на настаните за Деновите на медиумска писменост

Скопје, 23 ноември 2021 – Имајќи предвид дека Владата прогласи тридневна жалост поради автобуската несреќа во Бугарија, во знак на почит кон жртвите и во знак на сочувство со нивните семејства, Мрежата за медиумска писменост и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги одложуваат сите настани што требаше да се одржат на 24 и 25 ноември во рамки на Деновите на медиумска писменост 2021.[…]

Радиодифузерите денес, утре и задутре да ја прилагодат програмата со деновите на жалост

Скопје, 23 ноември 2021 – По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Република Бугарија, Владата на РСМ ги прогласи денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември, за денови на жалост.[…]

Донација од АВМУ за починатите и повредените во автобуската несреќа во Бугарија

Скопје, 23 ноември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош за македонските државјани кои загинаа, како и за оние кои се повредени во автобуската несреќа што се случи во Република Бугарија.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 23 ноември 2021 – Во врска со тешката автобуска несреќа што се случи во Република Бугарија, во која животот го изгубија голем број македонски граѓани, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите при известувањето да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи, односно информирањето да биде ослободено од сензационализам и новинарите да ја почитуваат личната болка и жалост. Воедно, информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 20 ноември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите.[…]

Усвоен Извештајот за платено политичко рекламирање за вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021

Скопје, 18 ноември 2021 година – На вчерашната 33-та седница, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за платеното политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, за време на вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021 година (од 18 до 29 октомври).[…]

Отворена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2022 година

Скопје, 17 ноември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги),  Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2022 годинa, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2022 година. […]



Accessibility

Accessibility