На 12 Април 2018 година со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Холидеј Ин“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Советот на Европа, организираат настан посветен на говорот на омраза во медиумите.
На настанот ќе биде промовирана публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и говорот на омраза“ и наодите од истражувањата за известувањето за Ромите во медиумите и за застапеноста во медиумите на ЛГБТИ заедницата.