На 29 март (среда) со почеток во 12 часот, Агенцијата ќе го одржи првиот јавен состанок за 2019 година.
На состанокот покрај реализираните активности на Агенцијата за првиот квартал од оваа година, во пресрет на кампањата за претседателските избори 2019 година и за локалните избори во три општини, Агенцијата ќе потсети на правилата кои се однесуваат на радиодифузерите за изборно медиумско претставување, со посебен фокус на имплементацијата на одредбите за платено политичко рекламирање.
Јавниот состанок ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.