На 28 март 2018 година (среда) со почеток во 13 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи првиот јавен состанок за 2018 година.
На настанот, покрај реализираните активности на Агенцијата за првиот квартал од оваа година, ќе бидат промовирани и публикациите кои ги издаде Агенцијата, а се однесуваат на родовите прашања во ТВ програмите – Збирна публикација годишни истражувања за третманот на родовите прашања и за начинот на претставување на жените и мажите на националните ТВ станици (2012 – 2016) и публикација за родот во телевизиските програми во 2017 година.
На состанокот ќе бидат презентирани и резултатите од истражувањето на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите во Република Македонија.
Настанот ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.