Скопје, 26.02.2018г. – На 1 март 2018 година (четврток) со почеток во 12 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организира настан на кој ќе промовира две од своите активности насочени кон надминување на родовите стереотипи во медиумите.
На настанот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето – Родот во телевизиските програми за 2017 година, како и видео и аудио спотови од кампања против сексизмот во медиумите.
Настанот ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.