На 21 февруари 2019 година (четврток), во 12:00 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организира состанок на којшто ќе се разгледува текстот на работна верзија на Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година, по добиените предлози и мислења.
Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.