Најава за трет јавен состанок – 26.09.2018г. во живо на YouTube каналот на Агенцијата

When:
September 26, 2018 @ 12:00 pm
2018-09-26T12:00:00+02:00
2018-09-26T12:15:00+02:00

Скопје, 24.09.2018г. – На 26 септември  2018 година (среда) со почеток во 12 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи третиот јавен состанок за 2018 година.

Покрај реализираните активности на Агенцијата за третиот квартал од оваа година, на состанокот ќе биде презентирана и Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година.

На настанот ќе се дискутира и за Уредбата за знаците за тревожење, начинот и процедурите за тревожење и постапките на населението, која ја подготви Центарот за управување со кризи, а во која се утврдуваат обврски на различни субјекти, меѓу кои и за медиумите, во делот на известување на населението во случај на ризик или опасност.

Јавниот состанок ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.



Accessibility

Accessibility