Најава за четврти јавен состанок на АВМУ на 26.12.2018

When:
December 26, 2018 @ 12:00 pm
2018-12-26T12:00:00+01:00
2018-12-26T12:15:00+01:00

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 26 декември 2018 година (среда) со почеток во 12 часот, ќе го одржи четвртиот јавен состанок за 2018 година.

Покрај реализираните активности на Агенцијата за последниот квартал од оваа година, на состанокот ќе се дискутира и за новините во Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, со акцент на правилата кои важат за телевизиите.

На настанот ќе бидат презентирани и резултатите од истражувањето за застапеноста на родот во телевизиските програми во 2018 година, како и инфографиците кои Агенцијата ги испечати на македонски, албански и англиски јазик, а се однесуваат на резултатите од истражувањата за ставовите на публиката за програмите за деца на националните телевизии, и за застапеноста на сексуалната ориентација во медиумите.

Јавниот состанок ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.



Accessibility

Accessibility