Од 22 октомври до 15 ноември 2019 година, во организација на Мрежата за медиумска писменост за прв пат во државава ќе се одржат Денови на медиумска писменост. Во текот на 4 седмици предвидени се триесетина работилници, дебати, вебинари, отворени денови и други настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.
31 октомври и 1 ноември 2019 година, ќе бидат отворени денови за посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Двата дена во одредени термини, граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со надлежностите и секојдневното работење, како и проектите и активностите кои Агенцијата ги презема за подигнување на нивото на медиумската писменост во нашата земја. Учеството на отворените денови може да се пријави на е-адресата j.ismaili@avmu.mk или на тел.02/3103 – 406
Термини за посета на 31 октомври 2019 Термин за посета на 1 ноември 2019
09:30 -10:30 и 11:00 – 12:00 часот 11:00 – 12:00 часот
Програмата за Деновите на медиумска писменост 2019 е достапна на ЛИНКОТ.