11.02.2010г. Новиот француски амбасадор го посети Советот за радиодифузија и најави продолжување на добрата соработка…..

СКОПЈЕ, 11 февруари, 2010 – Унапредувањето на взаемната соработка и одржувањето на високо ниво на комуникација беа во фокусот на денешниот состанокот одржан, меѓу претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски и новиот амбасадор на Франција во Македонија, Жан-Клод Шлумберже.

(фото: средба на претставници од СРД со францускиот амбасадор Шлумберже)

Претседателот Стефаноски во името на СРД изрази задоволство за досегашната соработка со Француската амбасада, како влијателен член на меѓународната заедница во Република Македонија и додаде:  „Искрено се надевам дека оваа добра соработка ќе продолжи и во иднина, дотолку повеќе што и Македонија е дел од Франкофонијата, а имаме сличен модел за медиумска регулација. Убеден сум дека оваа соработка дава свој значаен удел во унапредувањето на односите меѓу нашите две земји.“

 

Францускиот амбасадор Шлумберже рече : „Веднаш по моето пристигнување во Македонија за мене беше од големо значење една од моите први посети да биде со г. Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија на Македонија. На тој начин ја реафиримирам поддршката на Франција на принципот на независна регулација на медиумите во демократскиот процес. Тоа е еден суштински политички критериум на патот на Македонија кон европската интеграција, кој Франција одлучи да го следи. Нашата добра соработка со СРД е еден симболичен пример за тоа.“

Претседателот на СРД и францускиот амбасадор состанокот го завршија со желба за интензивна и искрена соработка.



Accessibility

Accessibility