13.05.2010г. СРД побара брзо решавање на спорот меѓу BoomTV и четирите национални телевизии…

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ,  13.05.2010 – Во однос на последните случувања со барањето на ТВ Телма, ТВ Сител, ТВ Канал5 и ТВ Алсат – М да бидат исклучени од пакетот BOOM TV на операторот Digiplus Multimedia, Советот за радиодифузија (СРД) ги повикува сите инволвирани страни што побргу да изнајдат заедничко решение за уредување на авторските и сродните права во интерес на публиката.

„СРД побара од Digiplus Multimedia најдоцна до 25 мај 2010 година да достави договори за регулирање на правата за реемитување на програмските сервиси на овие телевизии. Доколку по рокот не бидат доставени вакви договори, СРД ќе ги преземе законски мерки за спречување и санкционирање на таквото реемитување.“ – рече заменик-претседателот на СРД, Фарук Омерагиќ.

Членот 109 од Законот за радиодифузната дејност дозволува пренесување програмски сервиси преку јавни комуникациски мрежи врз основа на претходен договор за уредени авторски и сродни права. СРД има законска можност да наложи исклучување на одреден програмски сервис, доколку операторот не ги исполнува овие услови.



Accessibility

Accessibility