09.03.2011г. Повик до сите овластени застапници за склучување договори за реемитување на програмски сервиси низ јавните комуникациски мрежи…

image_pdfimage_print
Советот за радиодифузија на Република Македонија, врз основа на календарот на активности, превидени со Национална програма за усвојување на правото на Европската унија 2011, го објавува следниот:
П О В И К
СЕ ПОВИКУВААТ:
1.Сите овластени застапници за склучување договори за реемитување на програмски сервиси во јавните комуникациски мрежи (кабелски оператори, IPTV (ИПТВ)  оператори, DVB – T (ДВБ – Т) оператори и DTH (ДТX) oператори)  и  сите  овластени застапници  на филмски, спортски и други права врз содржини што се емитуваат на програмските сервиси на домашните радиодифузери, ДА СЕ ПРИЈАВАТ во Советот за радиодифузија на Република Македонија, најдоцна до 31.03.2011 година, заради воведување  во регистарот на овластени застапници за склучување договори за реемитување на програмски сервиси во јавните комуникациски мрежи и регистарот на овластени застапници  на филмски, спортски и други права врз содржини што се емитуваат на програмските сервиси на домашните радиодифузери.
2.Регистрите ќе имаат евиденционен (неконститутивен) карактер и податоците од истите ќе бидат објавени на веб страницата на Советот за радиодифузија, во функција на  олеснување на комуникацијата меѓу овие застапници  и операторите на јавни комуникациски мрежи и домашните радиодифузери и регуларирање на авторските и сродните права од страна на операторите на јавни комуникациски мрежи и домашните радиодифузери.
3.Секој овластен застапник, кон пријавата,  треба да достави: решение за упис во Централниот регистар на Република Македонија, и податоци за управителот на правното лице, седиштето, телефонот, имејл и веб адресата (ако е правно лице); или овластување или друга соодветна документација како доказ за неговото застапничко својство, и податоци за службената адреса, телефонот, имејл и веб адресата (ако е физичко лице).
СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РМ


Accessibility

Accessibility